Фудбалерите на Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во реванш натпреварот од четвртфиналето на Емирати ремизираа со Спортинг 0:0.
На Арсенал му беше доволен и нерешен исход, откако победи во првиот натпревар во Лисабон со 1:0.
Клубот од Лондон во полуфиналето ќе игра со Атлетико Мадрид кој беше подобар во двомечот со Барцелона.
Арсенал веќе в недела го очекува големо дерби од Премиер лигата против Манчестер сити кое ќе биде одлучувачко за титулата во Премиер лигата .
Слични новости
Музети го предаде мечот против Ѓоковиќ поради повреда при водство од 2:0
Ѓоковиќ по мечот изјави дека Музети требало да го добие мечот и веројатно ќе го добиел, ако не се повредеше и дека имал среќа за пласман во полуфиналето.
Арина Сабаленка сигурно во полуфиналето на Австралија опен
Најдобрата тенисерка во светот Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на Австралија опен, откако денеска во четвртфиналето во Мелбурн ја победи Американката Ива Јовиќ со убедливи 6:3 и 6:0.
Зверев го победи Лернер во четвртфиналето на Австралија опен
Зверев во полуфиналето на првиот Гренд слем сезонава ќе игра против победникот на мечот меѓу Шпанецот Карлос Алкараз и Австралијанецот Алекс де Минор.


