Фудбалерите на Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во реванш натпреварот од четвртфиналето на Емирати ремизираа со Спортинг 0:0.

На Арсенал му беше доволен и нерешен исход, откако победи во првиот натпревар во Лисабон со 1:0.

Клубот од Лондон во полуфиналето ќе игра со Атлетико Мадрид кој беше подобар во двомечот со Барцелона.

Арсенал веќе в недела го очекува големо дерби од Премиер лигата против Манчестер сити кое ќе биде одлучувачко за титулата во Премиер лигата .

Слични новости

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Антоан Гризман летово го напушта Атлетико Мадрид

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.