На отварањето на новата сезона во најсилната лига на светот Арсенал лесно го победи новајлијата Ковентри со 3:0. Екипата на Френк Лампард минатата сезона убедливо триумфираше во Чемпионшип и доведе засилувања за 150 милиони фунти, но беше сосема немоќна на Емирати каде што ја почувствува огромната разлика меѓу Премиер и Чемпионшип лигата.
Арсенал поведе уште во 15-тата минута со голот на Хаверц, а во 23-тата минута веќе беше 2:0 со гол на Сака. На почетокот на второто полувреме во листата на стрелци за Арсенал се впиша и Одегард, а до крајот на натпреварот немаше големи возбудувања, откако се беше решено.
Тренерот на Арсенал Микел Артета по натпреварот изјави дека му се допадна играта на неговиот тим кој играл поврзано и со одличен проток на топката.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
