Тренерот на Арсенал Микел Артета кој на вчерашниот напревар со Манчестер Јунајтед по 200 пат водеше екипа во Премиер лигата, нема големи причини за прослава на јубилејот, откако стана јасно дека Арсенал уште една сезона нема да може да стигне до титулата.

Арсенал одигра во Манчестер нерешено 1:1 и сега разликата меѓу нив и првопласираниот Ливерпул е огромни 15 бодови што не можат да бидат достижи до крајот на сезоната.

Би БИ Си коментира дека квалитетот на играта на Арсенал е во надолна линија со недели, а дека најголем проблем на тимот е отуството на напаѓач по повредите на Габриел Хесус, Каи Хаверц и Букајо Сака.

Британскиот печат го критикува водството на Арсенал за отсуство на вистински центарфор, откако Рахим Стерлинг кој беше ангажиран во преодниот рок не влезе во игра ниту на вчерашниот натпревар при резултат 1:1 кога на Арсенал очајнички му требаше гол, а Артета во игра во уфрли Киеран Тирни кој на крајот од сезоната заминува за Селтик.  

Самиот Артета изјави дека на тимот му фали ефикасност во последните 20 метри пред противничкиот гол. 

Слични новости

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона

Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона