Во последниот неделен натпревар од 9-то коло од англиското фудбалско првенство, Тотенхем Хотспур го победи Евертон со 3:0 како гостин. Ван де Вен (19, 45+6) постигна два гола во првото полувреме, а Сар (89) го постави конечниот резултат кон крајот на натпреварот.

Треттопласираниот Тотенхем сега има 17 бода, како и четвртопласираниот Сандерленд, еден бод пред второпласираниот Борнмут, додека Арсенал е на врвот со 22 бода.

Претходно фудбалерите на Арсенал, со минималната победа од 1:0 на домашен терен против Кристал Палас, создадоа предност од четири бода пред најблиските ривали. Единствениот гол на натпреварот го постигна поранешниот играч на Кристал Палас, Езе во 39. минута.

Манчестер Сити беше поразен со 0:1 на гости кај Астон Вила. Кеш го постигна единствениот гол во 19. минута. Сити е четврти на табелата со 16 бода, исто како и градскиот ривал Јунајтед на петтото место, додека Астон Вила е седма со 15 бода, исто како и шестопласираниот Ливерпул.

Борнмут го продолжи својот одличен почеток на сезоната со победа против Нотингем Форест, постигната преку директниот гол на Таверние (25) од корнер и голот на Крупи (40). Нотингем Форест е претпоследен 19-ти со само четири бодови.

globe

Слични новости

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Интер Мајами првпат ја освои МЛС

Фудбалерите на Интер Мајами, предводени од легендарниот Аргентинец, 38-годишниот Лионел Меси, ја освоија шампионската титула во МЛС првпат во својата историја откако како домаќини ги победија Ванкувер Вајткепс со 3:1 во финалето

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Атлетик победи во дербито против Атлетико

Во дерби натпреварот од 15-то коло на шпанската Ла Лига, фудбалерите на Атлетик Билбао на својот стадион „Сан Мамес“ во саботата вечерта го победија Атлетико Мадрид со минимални 1:0