Екипата на Арсенал е фаворит за освојување на титулата оваа сезона, откако тимот го засили тенкиот ростер со тројцата напаѓачи Ѓокереш, Еберече Езе и Мадуеке. Тимот е на врвот на Премиер лигата со 22 бода по 9 кола, 6 повеќе од Манчестер сити и 7 од шампионот Ливерпул.

Во тимот од Лондон се фокусирани на обнова на договорите на нивните ѕвезди, а пред се со Букајо Сака за кого се подготвува долгорочен договор со повисока плата. Пред продолжување на договорот со Арсенал се и Јулијан Тимбер и Деклан Рајс.

Останува на тренерот Артета да го прекине долгогодишниот пост на Арсенал и да ја освои титулата.

Слични новости

12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот

12 тима во борба за преостанатите 6 места во НБА купот

На Денот на благодарноста во САД немаше натпревари во северноамериканската НБА кошаркарска лига, додека петок ги носи последните 11 натпревари од НБА Купот, по што ќе бидат познати сите осум тима што ќе се пласираат во нокаут фазата