Арсенал ја оправда улогата на фаворит во двомечот со Спортинг од Лисабон и забележа победа од 1:0 со голот на Каи Хаверц во 90-тата минута. На голот му претходеше одличен продор на Мартинели по левата страна кој уфрли топка во шестанесетникот за Хаверц кој одлично се уфрли и одблиску го совлада голманот на домаќините.

Мечот во Лисабон го одбележа многу претпазлива, па дури и досадна игра на двата тима во текот на целиот меч. Арсенал постигна и претходно гол во 63-тата минута преку Зубименди, но голот беше поништен поради офсајд по реакција од ВАР собата.

Реваншот се игра идната среда во Лондон, а Арсенал ќе биде огромен фаворит за пласман во полуфиналето, каде што ќе игра против победникот од двомечот Барцелона-Атлетико Мадрид.

Слични новости

Џа Морант најверојатно ќе биде трејдуван во Мајами

Мајами Хит кој беше еден од најсериозните тимови за ангажирање на јанис Адетокумбо од Милвоки, се откажа од трката за грчкиот крилен центар и се насочи кон тоа да го доведе спектакуларниот плејмејкер на Мемфис Гризлис Џа Морант.