Арсенал е пред освојување на Премиер лигата, откако синоќа го победија Барнли со 1:0 и имаат 5 бодови повеќе, но и натпревар повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Манчестер сити вечерва игра против Борнмут и доколку не победи, Арсенал ќе ја прослави титулата. Менаџерот на Арсенал Микел Артета рече дека сите ќе го гледаат тој меч и дека се е можно во Премиер лигата.

Мечот во Манчестер веројатно ќе биде последен меч на Пеп Гвардиола пред домашните навивачи, откако најави заминување од тимот на кајот од сезоната.

Пеп Гвардиола заминува од Манчестер сити по 10 легендарни години во кои му донесе на Сити многу титули во Премиер лигата, како и титулата Европски шампион.

Слични новости

Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија

Левандовски во недела се простува од дресот на Барцелона и најверојатно заминува во Саудиска Арабија

Роберт Левандовски нема да го продолжи договорот со Барцелона и летово ќе ја напушти Каталонија по 4 успешни сезони. Полски извори блиски до Левандовски наведуваат дека в недела Левандовски за последен пат ќе игра во дресот на Барцелона