Менаџерот на Арсенал Микел Артета изрази загриженост поради повредите на неговите напаѓачи, и соопшти дека особено загрижен за повредата на Виктор Ѓокереш кој се повреди во саботата на натпреварот со Барнли.
„Ѓокереш дефинитивно не е на располагање. Тој не отпатува со тимот во Прага не тренира, и мора да извршиме уште тестови и скенирања во наредните неколку денови за да видиме за каква повреда станува збор“ порача Артета.
Од играчите во нападот на Арсенал се повредени и Каи Хаверц, Нони Мадуеке Габриел Мартинели и Габриел Жезуз. Арсенал ќе мора да настапи и без својот главен креативец во играта Мартин Едегар кој е исто така повреден.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


