Шпекулациите од минатата недела и официјално се потврдени. Арсенал официјално воспостави контакти со агентите на Винисиус Жуниор и понуди плата од 400.000 фунти за Винисиус со што, ако се реализира трансферот, Бразилецот ќе стане најплатениот играч во историјата на англискиот клуб.

Претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез не сака да го пушти фудбалерот кој е во последната година од договорот со Реал Мадрид.

За да го задржи ќе мора да му даде плата слична на онаа на Килијан Мбапе.

Реал Мадрид веќе доведе неколку звучни засилувања годинава, вклучително и Жозе Мурињо кој од оваа сезона ќе го води Реал Мадрид од тренерската клупа.

Слични новости

Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната

Европскиот шампион ПСЖ со разочарувачки старт на почетокот од сезоната

Париз Сен Жермен синоќа на домашен терен загуби од Монако со 2:1 и по три кола во француската прва лига нема ниту една победа. Поразот на домашен терен против Монако уследува откако во минатото коло ПСЖ во финишот на мечот спаси бод против Лил, а во првото коло одигра нерешено 2:2 против Рен.