Арсенал ја задржа својата предност од шест бода во однос на второпласираниот Челзи со убедливата победа над со 4:1 на својот стадион „Емирати“, а домашниот играч од средниот ред Еберевчи Езе постигна три гола.
Леандро Тросар му донесе водство на тимот на Микел Артета во 36. минута а пет минути подоцна Езе го постигна првиот од своите три гола. Само 40 секунди по почетокот на вториот дел, Езе постигна гол за водство од 3:0.
Бразилскиот интернационалец Ричарлисон му даде надеж на Тотенхем со спектакуларен гол во 55. минута, кога од 40 метри со лоб го совлада Давид Раја. Сепак, надежите на гостинските навивачи траеја само до 76. минута, кога Езе постигна трет гол за конечните 4:1.
Со деветтата победа Арсенал дојде до 29 бода. Челзи е втор со 23, додека Манчестер Сити има 22 бода. Тотенхем останува на деветтото место со 18 бода.
Англискиот репрезентативец Морган Роџерс постигна два гола за Астон Вила, која победи со 2:1 на гостински терен кај Лидс Јунајтед во првиот дуел од неделната програма во Премиер лигата.
Лидс поведе во 8. минута со голот на германскиот напаѓач Лукас Нмеча. Сепак, тимот од Бирмингем направи пресврт во второто полувреме. Морган Роџерс го постигна првиот гол во 48. минута а со погодокот во 75. минута, неговиот тим ја освои својата шеста победа во последните седум настапи.
Астон Вила скокна на четвртото место со 21 бод, еден бод зад третопласираниот Манчестер Сити. Лидс Јунајтед падна на 18-то место со 11 бода по нивниот трет последователен пораз.
Манчестер Јунајтед и Евертон ќе го затворат колото во понеделник (21 часот).
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


