Арсенал се пласираше во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победи Кристал Палас со 8:7 на пенали во нивниот четвртфинален натпревар на стадионот „Емирати“.
Натпреварот во регуларниот тек заврши 1:1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали.
Трагичар беше Максенс Лакроа чиј удар го одбрани Кепа Аризабалага. Ова беше тешка вечер за францускиот дефанзивец кој, покрај промашениот пенал, постигна и автогол.
Арсенал поведе во 80. минута, Букајо Сака центрираше од корнер, Лакроа се обиде во мешаницата да ја сврти топката и го стори тоа но ја погоди сопствената мрежа.
Палас успеа да израмни во петтата минута од судиското продолжение со погодокот на Марко Гуехи. Адам Вортон центрираше од слободен удар, Џеферсон Лерма му ја спушти топката на Гуехи а капитенот на Палас постигна гол за резултат 1:1.
До крајот немаше повеќе голови, па натпреварот беше решен со удари од белата точка. Решавачка беше осмата серија, Салиба беше прецизен а потоа Кепа го одбрани ударот на Лакроа.
Арсенал ќе игра против Челзи во полуфиналето, а Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити ќе се сретнат во другото полуфинале.
Слични новости
Почина легендата на македонскиот фудбал Васил Рингов
Во 70-та година од животот, по кратко боледување денеска почина Васил Рингов, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија
Наполи заработи 9,5 милиони евра со освојувањето на Суперкупот на Италија, додека Болоња, која беше поразена во финалето во Ријад, ќе добие 6,7 милиони евра, објавија италијанските медиуми
Пејн ја напушти НБА, официјално во Партизан
Камерон Пејн, 31-годишен американски кошаркар, ја напушти НБА и ќе го носи дресот на Партизан до крајот на тековната сезона


