Арсенал се пласираше во полуфиналето на англискиот Лига куп откако го победи Кристал Палас со 8:7 на пенали во нивниот четвртфинален натпревар на стадионот „Емирати“.
Натпреварот во регуларниот тек заврши 1:1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали.
Трагичар беше Максенс Лакроа чиј удар го одбрани Кепа Аризабалага. Ова беше тешка вечер за францускиот дефанзивец кој, покрај промашениот пенал, постигна и автогол.
Арсенал поведе во 80. минута, Букајо Сака центрираше од корнер, Лакроа се обиде во мешаницата да ја сврти топката и го стори тоа но ја погоди сопствената мрежа.
Палас успеа да израмни во петтата минута од судиското продолжение со погодокот на Марко Гуехи. Адам Вортон центрираше од слободен удар, Џеферсон Лерма му ја спушти топката на Гуехи а капитенот на Палас постигна гол за резултат 1:1.
До крајот немаше повеќе голови, па натпреварот беше решен со удари од белата точка. Решавачка беше осмата серија, Салиба беше прецизен а потоа Кепа го одбрани ударот на Лакроа.
Арсенал ќе игра против Челзи во полуфиналето, а Њукасл Јунајтед и Манчестер Сити ќе се сретнат во другото полуфинале.
Слични новости
Годинава во Англија ќе има само еден натпревар на Боксинг деј
Денот после Божик, таканареќениот Боксинг деј, отсекогаш бил резервиран за многубројни натпревари од англиската Премиер лига, но годинава нема да биде така и ќе се одигра само еден натпревар Манчестер јунајтед-Њукасл.
Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра против Хјустон
Суперѕвездата на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ се опорави од повредата и ќе игра на мечот против Хјустон Рокетс, кој е закажан за 26 декември пренесе американската телевизија ЕСПН.
Сан Антонио по вторпат го победи шампионите, прекината низата победи на Денвер
Сан Антонио Спарс станаа првиот тим во новата НБА сезона што им нанесе два пораза на бранителите на титулата од Оклахома Сити, победувајќи ги на Бадник во нивниот „Фрост Бенк Центар“ со резултат од 130:110


