Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, е победник на вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според неофицијалните информации, Јахији освоил околу 200 до 300 гласа повеќе од противкандидатот Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во првиот круг од изборите, Радичевски имаше предност со 2.945 освоени гласа, наспроти 2.152 гласа за Јахији.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по поразот на неговата партија во Брвеница напиша дека ВМРО-ДПМНЕ на изборите во Брвеница била сама против сите и дека поразот на нивниот кандидат е резултат на националната карта, демографијата и по некој „тројанец“ за одвлекување на гласови.
Слични новости
Четири лица уапсени за двете убиства во Ѓорче Петров
Четири лица се уапсени во врска со двете убиства кои се случија за неколку дена во скопската општина Ѓорче Петров. Телма објави дека уапсените при распитот во станица ги признале делата.
Прва трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром
Во Македонија за првпат е извршена трансплантација на бубрег од мајка на дете со Алпортов синдром, ретка наследна болест која го оштетува бубрежното ткиво и може да доведе до бубрежна слабост.
Собранието ги усвои измените на Законот за јавни набавки: До 25 000 евра годишно набавки без тендер
Институциите ќе добијат можност да трошат повеќе јавни пари преку директни набавки, без обврска да ги спроведуваат вообичаените тендерски постапки.


