Најдобрата тенисерка во светот Арина Сабаленка се пласираше во финалето на Австралија опен, откако во полуфиналето ја победи Украинката Елина Свотилина со 6:2 и 6:3.

Сабаленка која е двоен освојувач на Мелбурн во 2023 и 2024, со денешната победа се пласираше во четвртото последователно финале на Австралија опен.

Во четвртиот гем судијата и одзеде поен на сабаленка, која со својот извик наводно и попречила на противничката, што ја разбесни Сабаленка која потоа убедливо ја совлада Украинката.

Во второто женско полуфинале играат Џесика Пегула и Елена Рибакина.

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.