Националните радиодифузери членки на ММА и јавниот сервис МРТ во писмено соопштение информираа дека се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски блиски до државата компании се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони.

ММА и МРТ имаат материјални докази дека спортските канали Arena M1, M2 и M3 Premium подолг период работат без домашна дозвола, а нашиот регулатор АВМУ на волшебен начин ги третира како странски програмски сервиси кои се реемитуваат во Македонија, иако продукцијата, новинарите, коментаторите и гостите се во Скопје, студиските емисии се произведуваат тука, а програмата се емитува на македонски јазик.

Дополнително, во евиденцијата на српскиот регулатор REM каналите Arena M1, M2 и M3 Premium не постојат што значи не се домицилни, српски канали – се вели во денешното соопштение.

Истовремено, во операторските евиденции одобрени од АВМУ овие канали се водат како странски сервиси кои емитуваат програма на српски јазик!

 

Слични новости

СДСМ: Хибридна војна на Вучиќ на Балканот – Мицкоски и Стоилковиќ се само извршители

СДСМ: Хибридна војна на Вучиќ на Балканот – Мицкоски и Стоилковиќ се само извршители

Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.