Фудбалската репрезентација на Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство, откако утринава по продолженија ја победи Швајцарија со 3:1. Аргентина поведе со голот на Алекис Мекалистер по коренр во 10-тата минута,а израмни Едној во 67-та минута од натпреварот.
Пет минути подоцна Швајцарија остана со 10 играчи, откако по интервенција од ВАР собата Емболо доби втор жолт картон поради симулирање.
Во продолженијата Аргентина со играч повеќе силно притисна, а головите што ја однесоа Аргентина во полуфиналето ги постигнаа Алварез во 112 тата и Мартинез во 121-та минута.
Во полуфиналето Аргентина ќе игра против Англија.
Слични новости
Швајцарија се пласираше во осминафиналето по рутинска победа против Алжир
Швајцарците убедливо и рутински го победија Алжир со головите на Емболо во 10-тата минута и на Ендоји во 46-тата минута од натпреварот. Алжир се обиде да направи резултатски пресврт но не создаде сериозни прилики за гол.
Модриќ: Немаше пенал за Португалија, немаше офсајд кога дадовме гол, ВАР-от е секогаш против нас
За пеналот Модриќ рече дека да било обратно ВАР никогаш немаше да интервенира. Тој рече дека од самиот старт е против ВАР и дека тој се применува селективно во зависност од големината на тимот.
Португалија ја елиминира Хрватска и се пласира во осминафиналето со многу контроверзни судиски одлуки
Во 12-тата минута од судиското надополнување Хрватска израмни со гол на Јошко Гвардиол, но повторно се огласи ВАР собата и голот беше поништен поради наводен офсајд. ФИФА денеска со соопштение ги бранеше одлуките на судиите на натпреварот.


