Фудбалската репрезентација на Аргентина е последниот полуфиналист на Светското првенство, откако утринава по продолженија ја победи Швајцарија со 3:1. Аргентина поведе со голот на Алекис Мекалистер по коренр во 10-тата минута,а израмни Едној во 67-та минута од натпреварот.

Пет минути подоцна Швајцарија остана со 10 играчи, откако по интервенција од ВАР собата Емболо доби втор жолт картон поради симулирање.

Во продолженијата Аргентина со играч повеќе силно притисна, а головите што ја однесоа Аргентина во полуфиналето ги постигнаа Алварез во 112 тата и Мартинез во 121-та минута.

Во полуфиналето Аргентина ќе игра против Англија.

Слични новости

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Аргентина во финалето на Светското првенство по пресврт против Англија

Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.

Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка

Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка

Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.