Фудбалерите на Аргентина во второто полуфинале во Атланта ја победија репрезентацијата на Англија со 2:1 по пресврт, откако губеа со 1:0. Првото полувреме мина во изедначена со игра со многу фаули и остра игра.

Во второто полувреме Англија дојде во водство по 10 минути игра по центаршутот на Роџерс и голот на Гордон. По голот Англија сосема се повлече, а Аргентина имаше целосна иницијатива. Шансите на Аргентина се редеа како на филмска лента, но не успеваа да израмнат поради шутеви во статива или одбрани на Пикфорд.

Во 85-тата минута по асистенција на Меси Енцо Фернадез постигна прекрасен гол од 20 метри. Во втората минута од судиското надополнување, Мекалистер шутираше и ја погоди стативата, топката се одби кај Меси кој центрираше и го пронајде Лаутаро Мартинез  кој со глава и ја донесе победата на Аргентина.

Слични новости

Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка

Фудбалерите на Англија во полуфиналето на СП по продолженија со Норвешка

Белингам и ја донесе победата на Англија во продолженијата, по шутот на Морган Роџерс и лошата интервенција на норвешкиот голман Ниланд кој ја одби топката до Белингам, кој го постигна својот шести гол на турнирот.