Иранскиот министер за надворешни работи, изјави дека ги предупредил Обединетите Арапски Емирати дека САД и Израел не можат да ја донесат безбедноста на земјата.
Неговите коментари доаѓаат откако министрите за надворешни работи од земјите на БРИКС започнаа дводневен состанок во Њу Делхи.Освен дипломатите на петте земји оснивачи на БРИКС, Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, на состанокот присуствуваат и претставници од ИРАН, ОАЕ и други понови земјји членки.
„Реков дека не сакаме да влегуваме во овие дискусии за да го одржиме единството и кохезијата на БРИКС, но бидејќи претставникот на ОАЕ ги покрена овие прашања, мораше да ѝ ги кажеме фактите на меѓународната заедница.
Конечно, го советував претставникот на ОАЕ дека Израел, ционистичкиот режим и САД не можат да им донесат безбедност, изјави Аргачи.
Слични новости
ЕУ се договори за олеснување и одложување на дел од правилата за вештачка интелигенција
Земјите членки на Европската Унија и законодавците од Европскиот парламент постигнаа договор за олеснување на клучните правила за вештачка интелигенција, вклучително и за одложување на нивната примена, по притисокот од одредени влади и компании.
Трамп: Војната во Иран ќе „заврши брзо“
Американскиот весник „Аксиос“ , објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од 14 точки со Иран, кој би можел да постави рамка за подетални нуклеарни преговори.
Иран би можел до 10 атомски бомби за три до шест месеци – најнови проценки на американските разузнавачи
Според проценките, на американските разузнавачки агенции, Иран би можел да произведе доволно материјал за нуклеарна бомба во рок од три до шест месеци.


