Во вторникот, на барање на нивните колеги од Словенија, сараевската полиција спроведе рации со цел да ги приведе припадниците на организираниот криминал поврзани со убиството на Сатко Кекиќ, сведокот покајник во истрагата против членовите на црногорската криминална група позната како клан Шкаљарци.
Од Министерството за внатрешни рабори на Сараевската жупанија потврди дека нивни членови во соработка со агенти на Агенцијата за разузнавање и безбедност (OSA), извршиле операција со кодно име „Брут“.
„Операцијата се спроведува во соработка со Националoто истражно биро на Словенија, Кралската шведска полиција и Europol со цел да се пронајдат траги и предмети кои можат да се поврзат со извршување на кривичното дело убиство на Сатко Кекиќ во Словенија“, се вели во соопштението на полицијата.
Порталот Istraga.ba, кој е близок до полициските структури, објави дека се уапсени најмалку двајца мажи во врска со убиството на Кекиќ.
Самиот Кекиќ беше поврзан со организиран криминал и беше осуден на пет години затвор од Судот на БиХ во 2014 година за трговија со дроги. Тој беше убиен во близина на Љубљана во ноември 2024 година, а требаше да сведочи против Дино Музаферовиќ, познат како Цезар, државјанин на БиХ по потекло од Велика Кладуша.
Двајцата претходно биле блиски соработници, но откако се скарале, се приклучиле на спротивставени црногорски криминални групи. Кекиќ на тој начин дејствувал како дел од таканаречениот Кавачки клан, а Музаферовиќ бил припадник на Шкаљарскиот клан.
Мажите уапсени во вторникот во Сараево, наводно, го демнеле Кекиќ со денови пред да биде убиен.
Музаферовиќ беше уапсен во Словенија во декември заедно со уште две лица. Неговата екстрадиција поради истрага во која е осомничен за шверц на дрога и оружје, претходно побарале хрватските власти од Германија, каде што бил уапсен во 2022 година, но екстрадицијата никогаш не се случила, а Германија го ослободила.
Еевропската полиција Europol и американската агенција за борба со дрогите DEA го означија Музаферовиќ како еден од најважните членови на организираниот криминал на Балканот поврзан со трговијата со дрога.
Слични новости
Америка ја замрзнува помошта за Косово
Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.
Шест илјади луѓе го напуштија Санторини
Грчкиот авиопревозник „Aegean Airlines“ соопшти дека превезол 1.294 патници од Санторини до Атина во понеделникот, оперирајќи вкупно девет летови, од кои пет не биле вонредни
Вашингтон во конфликт со Приштина: Лага е дека Курти е близок на САД
Американскиот пратеник за специјални операции низ светот Ричард Гренел го отфрли тврдењето на косовскиот премиер Албин Курти дека неговата влада има најдобри односи со САД, нарекувајќи го лажно