Поради влошената безбедносна ситуација во Сирија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика.

-Апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Сирија, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму посочуваат дека како и секогаш, Министерството ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија +389  75 268 736 (меил адреса: globalsos@mfa.gov.mk ). 

globe

Слични новости

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Мицкоски: Работиме на решение кое ќе гарантира дека ќе го изодиме патот докрај, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Премеирот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос на проблемот со Бугарија истакна дека неговата дискусија во Брисел се водела од тоа дека потребно е решение кое ќе гарантира да земјата да го изоди патот докрај

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Министерот за внатрешни работи поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува министерот во видеото објавено на неговата фејсбук страница