Италијанскиот тренер Антонио Конте и официјално го напушти Наполи една година пред истекот на договорот, откако во неодамна завршената сезона не успеа да го одбрани насловот на шампион на Италија.

Конте стигна во Наполи летото 2024 и на доминантен начин го освои скудетото во Серија А, лансирајќи го Скот Мектоминеј како еден од најдобрите странци во историјата на клубот.

Со доаѓањето на Расмус Хојлунд и Кевин Де Брујне се сметаше дека Наполи ќе воспостави доминација во италијанскиот фудбал.

Италијанските медиуми пишуваат дека најверојатно наследник на Конте ќе биде Масимилијано Алегри кој го напушти Милан.

Слични новости