Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека глобалната економија мора да го надмине потпирањето на Бруто домашниот производ БДП, како главна мерка на успехот, затоа што сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.

Тој рече дека е итно потребна реформа на светските сметководствени системи за вистинската вредност на природата да се вклучат во економските одлуки.

Според неговите зборови БДП-то не го мери вистинскиот напредок на општеството, затоа што економскиот раст може да се поттикне и кога се уништуваат шумите, кога прекумерно се експлоатираат морињата или се продлабочуваат социјалните нееднаквости.

Слични новости