Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубот, бидејќи сака да ја продолжи играчката кариера во Лос Анџелес, пренесува Релево. Гризман има договор со Атлетико до јуни 2026 година.

Шпанските медиуми пренесуваат дека францускиот фудбалер планира да одржи состанок со клупските челници до крајот на март, на кој ќе ги извести дека сака да ја продолжи кариерата во МЛС лигата.
Според овој извор, Гризман од семејни причини сака да се пресели во Лос Анџелес, клуб во чии дрес го носат неговите поранешни соиграчи од репрезентацијата на Франција, Оливие Жиру и Уго Љорис.
Слични новости
ФИФА го исклучи мексикански Леон од Светското клупско првенство
Костариканскиот клуб Алахуеленсе поднесе жалба против учеството на мексиканските клубови Леон и Пачука, а жалбената комисија на ФИФА одлучи дека Леон не може да се натпреварува
Хамилтон ја доби првата стартна позиција за спринтерската трка во Шангај
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон од тимот на Ферари ќе стартува од пол-позицијата во спринтерската трка за Големата награда на Кина
Винисиус во судиското продолжение го приближи Бразил до СП
Бразил стигна до победа во драматичната завршница со голот на Винисиус во деветтата минута од судиското надополнување