Антоан Гризман ги договара последните детали за трансфер во американската МЛС лига во клубот на Орландо, пишува шпанскиот весник „Марка“.

Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.

35 годишниот Гризман е една од легендите на Атлетико  и за клубот одигра дури 488 натпревари на кои даде 211 голови и впиша 97 асистенции.

Тој дојде во Атлетико од Реал Сосиедад во 2014 за 54 милиони евра, во 2019 замина за Барцелона за дури 120 милиони евра , а од 2021 повторно се врати во Атлетико.

Слични новости

Јута Џез силно се засили во зимскиот преоден рок за три први пикови на драфтот

Јута со размената го доби високото крило Џарен Џексон -најголемата ѕвезда на Мемфис, заедно со Џон Кончар, Џок Лендејл и Винс Вилијамс, а во Мемфис заминуваат Волтер Клејтон, Кајл Андерсон, Тејлор Хедрикс и Џорџ Нијанг.