Антоан Гризман ги договара последните детали за трансфер во американската МЛС лига во клубот на Орландо, пишува шпанскиот весник „Марка“.
Трансферот на Гризман во Орландо беше блиску и за време на зимскиот преоден рок, но Гризман реши да остане во Атлетико откако клубот се пласираше во финалето на купот на кралот и четвртфиналето на Лигата на шампионите.
35 годишниот Гризман е една од легендите на Атлетико и за клубот одигра дури 488 натпревари на кои даде 211 голови и впиша 97 асистенции.
Тој дојде во Атлетико од Реал Сосиедад во 2014 за 54 милиони евра, во 2019 замина за Барцелона за дури 120 милиони евра , а од 2021 повторно се врати во Атлетико.
Слични новости
Упамекано останува во Баерн Минхен до 2030
Францускиот фудбалер Дајо Упамекано го продолжи договорот со Барен од Минхен до 30 јуни 2030-татата година, соопшти клубот од Баварија.
Крис Пол ја заврши НБА кариерата на 40 години
Торонто Рапторс го отпуштија Крис Пол, јавија американските медиуми и со тоа ја завршија големата кариера на еден од најдобрите плејмејкери во НБА во своето време.
Нов трипл-дабл на Јокиќ за Денвер
Јокиќ постигна 26 коша, 15 скокови и 11 асистенции и сезонава на 39 одиграни натпревари има 20 трипл-даблови.


