Првото истражување на јавното мислење во Бугарија откако претседателот Румен Радев поднесе оставка и најави учество на превремените избори покажува дека неговата коалиција е фаворит на изборите.
Доколку изборите се одржат сега, коалицијата на Румен Радев би добила 25,6 отсто од гласовите на оние кои се изјасниле дека ќе гласаат. На второ место е ГЕРБ со 15,4 проценти, а на трето место е коалицијата „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ со 12,5 отсто.
Следуваат партијата ДПС на Делјан Пеевски со 10,5 насто, а националистичката Преродба е падната на 4,4 насто.
Анкетата ја спроведе социолошката агенција „Маркет линкс“,
Слични новости
Абу Даби е домаќин на трилатерални разговори Русија-Украина-САД
Во текот на следните два дена, руски, украински и американски преговарачи присуствуваат на првите трилатерални разговори наменети за ставање крај на војната во Украина.
