Телефонската анкета спроведена на 1.114 испитаници во рок од три дена на ИПИС покажува дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 26 насто, 2,5 пати поголем рејтинг од СДСМ, кој според ова истражување има рејтинг од 9,6 насто.
Кај албанскиот политички блок ДУИ има рејтинг од 8,9 насто, а ВЛЕН 8,2 насто. Потоа следуваат Левица со рејтинг од 5,9 проценти, а ЗНАМ е со рејтинг од 3,9 насто.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски има повисок рејтонг од партискиот 27 насто, додека лидерот на СДСМ Венко Филипче има рејтинг од 5 насто, што е речиси двојно помалку од рејтингот на партијата.
Слични новости
Али Ахмети останува лидер на ДУИ по Конгресот на ДУИ
Али Ахмети останува на кормилото на ДУИ и во говорот во кој наведе дека партијата се залага за унитарен карактер на државата, независно и неселективно правосудство
Скопје денеска втор најзагаден град во Европа
Податоците од светскиот сервис IqAir покажуваат дека Скопје утрово е рангирамо ма второ место во Европа според степенот на загаденост на воздухот, а на 20. место на листата на најзагадени градови во светот.
Денеска во Скопје Конгрес на ДУИ
По седницата на Советот на ДУИ што се одржа минатиот месец партијата најави дека конгресот ќе биде значаен момент за дефинирање на понатамошниот политички, организациски и програмски правец.


