Вкупно 64 проценти од граѓаните сметаат дека владејачкото мнозинство не треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија, додека 45 отсто сметаат дека Владата ќе го надмине спорот со Бугарија, покажува најновото истражување кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).
Поделено според етничката припадност на испитаниците дури 82 проценти од испитаниците Македонци велат дека не треба да се внесат Бугарите во Уставот додека кај испитаниците Албанци 56 проценти даваат поддршка за промена на Уставот.

Вкупно 45 проценти од испитаниците веруваат дека Владата ќе го надмине спорот со Бугарија и ќе ги почне преговорите со Европската Унија што е за три проценти повеќе од истиот одговор даден лани. Сепак 30 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека спорот нема никогаш да се реши, а само 7 проценти сметаат дека до решение ќе се дојде до крајот на оваа година.
Доколку земјава добие дополнителни гаранции, 41 процент од граѓаните сметаат дека треба да се пристапи кон промена на Уставот додека 43 проценти од испитаниците велат не.
Висок процент на иститаници дури 50,5 сметаат дека новата американска администрација може да помогне да се дојде до прифатливо решение меѓу Скопје и Софија.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава.
Слични новости
Приведен директор на здравствена установа поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра
Во координирана акција со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, приведени се две лица, меѓу кои и директор на здравствена установа, поради сомнение за примање поткуп во износ од 20.000 евра, информира директорот на Бирото за јавна безбеднос
Дури 67 отсто од детските градинки работат со преоптоварени капацитети
Пополнетиот капацитет за згрижување на деца од предучилишна возраст го надминува расположливиот капацитет, така што 67 отсто од градинките во мај лани работеле со преоптоварени капацитети, покажуваат резултатите од извршената ревизија за успешност што ја спроведе Државниот завод за ревизија (ДЗР)
Четворица од повредените во Кочани денеска ќе бидат отпуштени од софиската болница „Пирогов“
Дадени се инструкции за натамошен третман, во тек е лабораториско следење на нивната клиничка состојба, а во зависност од состојбата ќе се проценува евентуална нова хируршка фаза.