Јапонскиот анимиран филм Чаинсо мен“ имаше импресивен старт на американскиот Бокс Офис со заработка од неочекувани 17,3 милиони долари овој викенд, со што го зазеде првото место на Бокс Офисот. Филмот доби дури 96 насто позитивна оценка од критиката и 99 насто од Ротен Томејтоус, заедно со кинема оценка А.
Надвор од САД филмот заработи 18,8 милиони долари викендов, за вкупна заработка од 108 милиони долари глобално, откако беше емитувана премиерата на филмот во Јапонија. Филмот е базиран на анимираната серија која е достапна на стримерот Дизни.
Режисер на филмот е Тацуја Јошихара, базиран на оригиналната приказна на Тацуски Фуџимото, а критичарите велат дека љубителите на манга и анимираниот жанр нема да бидат разочарани.
Слични новости
Откриена фреска на „Добриот пастир“ во древен гроб
Фреската го покажува голобрадиот Исус Христот, млад и облечен во тога, со јаре преку рамото, што е еден од ретките примери на приказ на Иус Христос со изразени римски атрибути на теренот на Анадолија.
Вим Вендерс на чело на жирито на 76-то Берлинале
Германскиот режисер Вим Вендерс ќе го предводи жирито на Берлинале во февруари, објави во петокот директорката на фестивалот Триша Татл
Концерт на Влатко Стефановски во Белград
Влатко Стефановски во неговата кариера која трае половина век, со групата „Леб и сол“, но и со соло настапите, се покажа како извонреден инструменталист, пишува белградска „Политика“.


