Анимираниот филм на Сони „ГОАТ“ кој минатата недела беше втор на Бокс Офисот, ја презеде првата позиција во САД со заработка од 17,2 милиони долари овој викенд. Досега филмот заработи 58,3 милиони долари во САД и 44 милиони на странските пазари и надмина заработка од 100 милиони долари

Необичната интерпретација на „Оркански висови“ на режисерот Емералд Фенел и студиото Ворнер Брос со Џејкоб Елорди и Маргот Роби продолжува со импресивни бројки. Иако викендов падна на второто место на Бокс Офисот, филмот и натаму доминира на странските пазари.

„Оркански висови“ досега заработи 60 милиони на американскиот пазар и дури 92 милиони долари на странските пазари за тотална заработка од продажба на кино билети од 152 милиони долари.

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.