Петтото продолжение на франшизата „Тој стори“ викендов отвори со фантастични 160 милиони долари заработка на американскиот пазар.
Филмот заработи и 152 милиони долари на глобалните пазари за вкупна заработка од фантастични 312 милиони долари во премиерниот викенд.
Во првата недела од прикажувањето „тој стори“ 5 веднаш се проби меѓу 10-те комерцијално најуспешни филмови за 2026 година.
На врвот и натаму е „Галаксијата на СуперМарио“кој е единствен филм кој ја надмина границата на заработка од една милијарда долари, а веднаш зад него е биопикот „Мајкл“ со заработка од 950 милиони долари.
Слични новости
Брус Спрингстин, Стиви Вондер, Кристина Агилера и пејачот на У2 Боно, настапија на отварањето на центарот на Обама во Чикаго
На настанот присуствуваа и поранешните американски претседатели Џо Бајден, Џорџ Буш и Бил Клинтон, заедно со поранешните први дами на САД, како и поранешната потпретседателка Камала Харис. Доналд Трамп не беше поканет на настанот кој го оцени како „целосна катастрофа“.
Астрономи го објаснија недостигот од ѕвезди во најголемите галаксии во вселената
Супермасивните црни дупки може да генерираат исклучително силни ветрови кои исфрлаат гас -основниот материјал за формирањето на нови ѕвезди. Новите податоци укажуваат на директна врска меѓу активностите на црните дупки и процесите кои ги „гасат“формирањата ѕвезди во галаксиите.
Морган Фриман музички продуцент на блуз албум
Славниот американски актер Морган Фриман во својата долга низа уметнички оставрувања која трае повеќе од 60 години ќе придодаде и продукција на блуз албум. Тој заедно со познати блуз музичари ќе издаде албум од 12 песни кои ја документираат стогодишнината на блузот.


