Руската 17-годишна тенисерка Мира Андреева надомести сет заостанување против светскиот рекет број еден Арина Сабаленка од Белорусија и победи со 2:6, 6:4, 6:3 во финалето на БНП Парибас опен во Индијан Велс и ја освои својата втора последователна титула на ВТА 1000.
Сабаленка влезе во овој финален меч со водство од 4-1 и две победи оваа година, остварени во Бризбејн и на Австралија Опен. Белорусинката беше доминантна и во првиот сет од финалето во Индијан Велс, добивајќи го со 6-2.

Но, Андреева се опорави од фрустрирачкиот настап во првиот период од натпреварот. Брејк во третиот гем од вториот сет ѝ беше доволен да го одведе мечот во решавачки сет. Во првите три гема од последниот сет, Андреева уште двапати го одземаше сервисот на Сабаленка и еднаш го загуби воведниот удар, но го задржа водството на 5-3. Со уште еден брејк во деветтиот гем ја освои најголемата титула во кариерата.
Ова беше нејзина 12-та победа во низа, а тие ѝ донесоа две титули на ВТА 1000 турнирите, во Дубаи и Индијан Велс. Бидејќи Андреева во полуфиналето ја победи бранителката на титулата Ига Швјонтек Полска, 17-годишната Русинка стана најмладата тенисерка во последните 40 години на ВТА турнирите која ги победила светскиот рекет број еден и бројот два на ист турнир.
Андреева во Индијан Велс играше како 11. рангирана тенисерка во светот, но од понеделник ќе биде меѓу првите десет, на шестото место на ВТА ранг-листата, што е нејзин нов најдобар пласман во кариерата. И покрај поразот, Арина Сабаленка ќе остане на врвот на ВТА-листата.
Слични новости
Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубо
Ф1: Норис најбрз во Мелбурн
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.
Головите на Мбапе го вратија Реал на врвот
фудбалерите на Реал Мадрид успешно го одработија гостувањето кај Виљареал каде што забележаа победа од 2:1