Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска изјави дека се хрибридни заканите и пораките кои по електронски пат во петокот ги добија училиштата со предупредувања за поставени експлозивни направи, за кои МВР утврди дека се лажни.
„Разликата од претходно е што веднаш, уште утрото, се слушнавме со министерката за образование, организиравме со министерот за внатрешни работи ад хок работна група која ги разгледа проблемите со кои се соочува системот и развивме неколку методологии кои треба да се следат во наредниот период за превентива на подолг рокЕ, изјави Андоновски при посетата на ОУ „Димитар Македонски“, по повод одбележување на Денот на безбеден интернет.

Посочи дека министрствата за внатрешни работи и за образование и наука, како и општините постапиле „многу соодветно во текот на денот“, биле решени последиците и сега се работи и на причините „зошто ова се случило“.
„Хибридни напади ќе има, напади на нашата сајбер инфраструктура ќе продолжат, но многу е важно како институциите одговараат, а сега одговараат системски и во соработка едни со други. Стоиме на располагање да му помагаме на Министерството за образование и наука и на сите други институции ако и понатаму се појават вакви проблеми“, рече Андоновски одговарајќи на новинарски прашања.
Слични новости
Седум полициски службеници од Кочани и Штип осомничени за тешки дела против општата сигурност, доставен предлог за притвор
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници
Обвинителството бара продолжување на краткотрајниот притвор за 16 лица
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, информираат од Обвинителството
Таравари: Денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лекуваат во странство од пожарот во Кочани
Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од трагедијата во Кочани.