Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во „Студио 10” на Телевизија 24, говореше за новите измени на законот за Елктронски комуникации во кој е предвидено да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.
„Во законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни, детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа.“ изјави Андоновски
Тој посочи и дека Министерството за дигитална трансформација работело на законските измени координирано со останатите институции кои што се засегнати во оваа област, внимавајќи да не си упаднат во надлежностите едни на други.
„Ги известивме глобалните приредувачи на игри на среќа кои не добиле и не аплицирале никогаш за лиценца во Македонија дека се во спротивност со законот и паралелно на тоа работевме на измени на законот, гледавме да не упаднеме во надлежностите на министерството за финансии, УЈП и државната лотарија и заедно со нив стигнавме до законско решение кое што помина на Влада, а по 7 дена е влезено собраниска процедура и очекувам да помине на комисијата за дигитална трансформација. “ надополни министерот Андоновски
Ова е еден од начините да се спречи младите да имаат достапност до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени.
„Станува збор за измени на закон кој што не се од политичка природа и се надевам дека сите пратеници од било која политичка партија ќе ги поддржат, бидејќи навистина е начин како да спречиме нашите млади тинејџери да играат онлајн игри на среќа и да ги споделуваат лични информации онлајн кои што не знаеме каде одат“, заклучи Андоновски.
Слични новости
Росица Кулакова: Бараме правда за Фросина
Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска
Филипче: Ја научивме лекцијата од коалицирањето со ДУИ, нема коалицирање за локалните избори
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за Радио Слободна Европа истакна дека партијата научила значајна лекција од коалицирањето со ДУИ
Повеќе полициски акции во тек, вклучен и меѓународен истражен тим
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство потврдуваат дека во тек се повеќе полициски акции на територија на земјава, но повеќе детали најавуваат по завршување на акциите