Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, сѐ уште немаме обврска сите институции тоа да го прават и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува и определени институции се многу често мета на сајбер напади, вели во интервју за РСЕ министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„За жал, ние сме држава без Закон за сајбер безбедност додека сите држави и од регионот и од Европа донесоа такви закони пред 13 години. Ние го правиме напорот да се донесе законот сега, најверојатно до јуни месец. Тој закон ќе биде нашиот патоказ каде треба да се движиме во сајбер заштитата. Сега заштитата која ја нудиме во сајбер просторот е ад-хок. Ако некоја институција сама реши да се заштити, таа тоа го прави. Но, се уште немаме обврска сите институции тоа да го прават и затоа е ваквата невоедначеност која ни се случува да определени институции се многу често мета на сајбер напади“, вели Андоновски.

На прашањето дека државата досега потрошила милиони евра за заштита, но каков е епилогот од тоа, Андоновски одговори дека голем број институции работеле со истечени лиценци, но и дека во законот за сајбер безбедност немало предвидени прекршочни одредби.

„Точно, интересен податок е дека над 20 институции имаат купувано руски антивируси. Десетици институции ненавремено ја зголемиле или надградиле својата заштита, па работеле со истечени лиценци. Голем број на институции сместуваат податоци на граѓаните на сервери кои подоцна не се грижат дали се доволно заштитени или каде им се сместени“, oбјасни во својот одговор министерот, и додаде дека во новиот закон Министерството за дигитална трансформација ќе го контролира процесот.

„Ова се прашања кои сите институции ад хок ги решавале. За разлика од сите други закони, во законите кои се однесуваат на сајбер безбедноста, ние немавме прекршочни одредби и инспекциски надзор дали тие одредби од законите се почитуваат. Во измените кои сега ги донесовме и новиот Закон за сајбер безбедност, Министерството за дигитална трансформација тоа ќе го контролира и потенцијално ќе казнува онаму каде гледаме дека институциите не постапуваат“, заклучи Андоновски.

globe

Слични новости

Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол

Бојан Стојаноски од ВМРО ДПМНЕ најави дека во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ ќе се стави крај на криминалот на Пуцко Петрол

Пуцко Петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Асмир Јахоски од синоќа во затворот во Шутка, откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на обвинителкството

Асмир Јахоски од синоќа во затворот во Шутка, откако Кривичниот суд ја прифати жалбата на обвинителкството

Откако обвинителството се жалеше на куќниот притвор Кривичниот суд вчера на јавна седница ја преиначи одлуката и му додели притвор на Јахоски кој веќе е обезбеден од органите на прогон и се наоѓа во затворот во Шуто оризари.

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Николоски: Бугарија испрати јасна политичка порака колу е посветена на железничкиот Коридор 8

Министерот за транспорт и врски Александар Ниоловски смета дека одлуката на бугарската Влада средствата за реконструкција на делот од Софија до Перник и од Перник до Радомир да ги пренасочат за изградба на пруга од Софија до Бургас, е политичка порака во однос на нивната посветеност, односно непосветеност, на изградбата на железничкиот Коридор 8 и дека „во вода паѓа“ и пропаганда против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и против него