„Во ек на глобална криза, во периодот од 2019-2021 година, СДС наместо да ги снабдува стоковите резерви, Заев, Филипче и Николовски ги празнеле и препродавале. 2000 тони јачмен и пченица во државна вредност од 800.000 евра биле отпишани од залихите, по насока на истото трио, додека на граѓаните им велеа – сѐ е под контрола“, изјави на прес-конференција во неделата Викторија Андоновска, портпаролка на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Андоновска посочи дека за да не се забележи кусокот од 2000 тони јачмен и пченица, тие веднаш потоа прават два тендера со една соседна држава за 20.000 тони пченица и јачмен за да ги пополнат дупките во залихите.
„Со овие два тендера, Заев, Филипче и Николовски сметале дека ќе се покријат недостатоците во стоковите резерви, а јавноста истото ќе го заборави. 800.000 евра, пари на граѓаните завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Николовски, а 2000 тони јачмен и пченица, на црн пазар во друга држава. И наместо оградување и дистанцирање, СДС и натаму си ги штити своите криминалци. Затоа СДС ќе пропаѓа, гласачите ќе се намалуваат, а членовите ќе им заминуваат“, рече Андоновска.
Претходно во неделата ВМРО-ДПМНЕ во соопштение повија СДСМ да расчисти со актуелниот претседател Венко Филипче и неговиот претходник Зоран Заев, обвинувајќи дека најновиот скандал со отписот на 2.000 тони пченица и јачмен за време на претходната влада, како што велат, ги разобличува скандалите на партијата,
„Се разобличуваат скандалите од времето кога СДСМ беше власт, и сето тоа е показател за структурниот хаос, распаднатите институции и неодговорноста на СДСМ.
Случајот со стоковите резерви е само уште едно потсетување дека институциите под контрола на СДСМ функционирале само како импровизирани конструкции без механизми за одговорност.
Отписот на 2.000 тони пченица и јачмен од стоковите резерви, преку Трајан Димковски, тогашен заменик министер за земјоделство, па потоа истите количини најверојатно завршувале на црниот пазар во соседна држава, алудираат дека ова е организирана злоупотреба од страна на тогашната власт.
И покрај укажувањата дека пченицата постоела и била употреблива, направен е записник што го тврди спротивното, т.е документ со контрадикции, кој сепак е прифатен на владина седница. Тоа значи дека Заев, екс-министерот за земјоделие Николовски и актуелниот претседател на СДСМ во опозиција, Венко Филипче, како дел од тогашната владина структура, формално легитимирале документ што не кореспондирал со фактичката состојба на терен.
А сега Филипче, преку развлечени прес излагања се обидува да се позиционира како опозициски коректив?
Не може некој кој лично учествувал во систем што дозволил вакви пропусти да биде коректив.
Ако СДСМ има намера да се реформира и да стане релевантен политички субјект во земјава, мора да покаже зрелост и да се огради од сите функционери на минатата власт.
Тоа подразбира дистанца од Заев, Николовски, а и од Филипче, бидејќи тоа се фигури кои го спречуваат секој обид за вистински реформи во партијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Заев, Венко Филипче иНиколовски дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен во вредност близу 800.000 евра од државните стокови резерви да се најдат на црн пазар на една соседна држава
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


