Репрезентацијата на Англија ја оствари третата последователна победа во А дивизијата од Лигата на нациите во групата 3, откако на Вембли ја победи Чешка со 3:0.

Англичаните повторно беа убедливи, по спектакуларната победа од 7:0 на гостувањето во Риека против Хрватска.

Центарфорот Хари Кејн постигна два гола на својот 125 -ти настап за селекцијата на Англија со што го израмни рекордот на Питер Шилтон.

Во вториот натпревар од групата Светскиот шампион Шпанија на гости ја победи Хрватска со 2:1 и е прва во групата со 4 победи од 4 натпревари, пред Англија која е на второто место со 9 бодови.

 

Слични новости

Деклан Рајс блиску до нов договор со Арсенал

Деклан Рајс блиску до нов договор со Арсенал

Би Би Си наведува дека за продолжување на договорот Рајс би добил големо зголемување на платата, а тој неделно заработува 240 000 фунти. Според новиот договор тој би се изедначил со најплатениот играч на Арсенал Букајо Сака кој неделно заработува 350 000 фунти.

Роналдо се соочува со парична казна и суспензија откако го напушти кампот на репрезентацијата, но не се откажува од играњето во националниот дрес

Роналдо се соочува со парична казна и суспензија откако го напушти кампот на репрезентацијата, но не се откажува од играњето во националниот дрес

. Роналдо порача дека не се откажува од репрезентацијата и дека ја прифаќа секоја санкција за својата постапка. Во меѓувреме, од португалската федерација и селекторот Жезус порачаа дека вратата за Роналдо во репрезентацијата останува отворена.