Англиската фудбалска репрезентација во неделата го потврди пласманот на Светското првенство во 2026 година со победа од 2:0 на гости против Албанија. „Гордиот Албион“ го заврши натпреварувањето со неверојатен настап – со сите осум победи и гол-разлика од 22:0.
Англиската репрезентација, предводена од германскиот стручњак Томас Тухел, не прими гол 720 минути. Англичаните на тој начин станаа првата европска нација што се квалификуваше за Светското првенство без да прими гол во група со најмалку шест натпревари.
Англија, исто така, стана само петтата европска репрезентација што се квалификуваше за Светското првенство со 100 отсто учинок.
Во последното коло, Англичаните во тврдиот натпревар во завршницата од дуелот ги скршија амбцииите на Албанците, а двата погодока ги постигна Хари Кејн во 74. и 82. минута.
На крајот, Албанија заврши втора и ќе бара шанса за пласман на Светското првенство во дополнителните квалификации. Србија ја победи Латвија со 2:1 во последното коло, освојувајќи го третото место, откако пред две кола ја испушти шансата на свој терен против Албанија.
Франција, исто така, го потврди своето учество на Светското првенство со победата над Азербејџан со 3:1 во Баку. Сите најважни работи се случија во првиот дел. Домашната репрезентација поведе во четвртата минута со голот на Ренато Дадашов, Жан-Филип Мате израмни во 17. минута, Мањес Аклиуш го сврти резултатот во 30. минута, а во судиското продолжение Шахрудин Магомедалиев ја затресе сопствената мрежа за конечните 3:1.
Во вториот натпревар, Украина го победи Исланд со 2:0 во Варшава, освојувајќи го второто место, што води во дополнителни квалификации. И бод им беше во игра на Исланѓаните, добро се држеа до самиот крај, но Украинците остварија клучна победа со головите на Олександр Зубков во 83. и Олексиј Гуцуљак во третата минута од судиското продолжение на натпреварот.
Слични новости
Верстапен не успеа да му ја земе титулата на Норис во Формула 1
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е новиот светски шампион во Формула 1 откако заврши трет на последната, 24-та трка од сезоната, Големата награда на Абу Даб
Харден десетти најдобар стрелец во НБА
Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа
ПСЖ ја прекина победничката серија на Рен
Европскиот и француски првак Пари Сен Жермен во саботата вечер на домашен терен лесно го победи Рен со 5:0 во рамките на 15-то коло од француската Лига 1


