Како што објави Би-Би-Си, еден од петтемина мажи уапсени во близина на базата на британските Кралски воздухопловни сили во Ферфорд во раните утрински часови во неделата, самиот го повикал бројот за итни случаи 999.

Осомничениот се јавил во полицијата во 00:45 часот по британско летно време, речиси еден час пред една земјоделка исто така да го повика бројот 999 откако забележала мажи со фантомки.

Петмината беа уапсени под сомнение за кривични дела поврзани со експлозиви, а подоцна и за дела поврзани со тероризам, откако биле забележани три комбиња, што предизвикало голем безбедносен инцидент околу базата во Глостершир со која управува американската војска.

Изненадувачки е дека приведените беа пуштени на слобода со кауција, потег што полицијата го опиша како „одлука заснована на искуство и стратегија“.

Слични новости

Иран го демантираше Трамп: САД не го контролираат Ормутскиот теснец

Тврдењата на американски опфицијални лица дека Ормутскиот теснец веќе не е блокиран се лага. Ормутскиот теснец останува блокиран и нема да биде отворен се додека не бидат прифатени условите на Иран, се наведува во соопштението на Техеран.