Лекарите во Англија започнаа петдневен штрајк во средата поради платите и условите за работа поради среде силниот бран на грип, а покрај сѐ пожесток спор со владата.
Специјализантите велат дека нивните плати значително се намалиле во текот на изминатата деценија, што ги наведе да штрајкуваат веќе неколкупати оваа година.
Владата, пак, вели дека земјата не може да си дозволи да ги зголеми платите повеќе отколку што прави во моментов, а министерот за здравство Вес Стритинг ги опиша штрајковите како „произволни, неодговорни и опасни“.
Штрајковите го зголемија притисокот врз веќе оптоварениот здравствен систем. Националната здравствена служба (NHS) минатата седмица предупреди дека болниците се соочуваат со „најлошото сценарио“ поради бранот на грип.
Џек Флечер од Британската медицинска асоцијација (BMA), која ги претставува специјализантите, рече дека лекарите стапиле во штрајк затоа што квалификуваните лекари не можат дадобијат соодвени работни места и плати.
„Треба да ги цениме нашите лекари во оваа земја. Минатата година видовме повеќе лекари како ја напуштаат професијата отколку во кое било време во последните десет години“, рече тој на протест пред болницата „Свети Тома“ во Лондон.
BMA бара зголемување на платите од 29 отсто оваа година за да ги врати на нивоата од 2008 година во реални услови.
Лабуристичката влада, избрана минатата година, се согласи на зголемување на платите од 22 отсто за лекарите во обид да го реши спорот што започна за време на претходната конзервативна влада. Но, конфликтот повторно се разгоре оваа година откако на лекарите им беше дадено ново зголемување на платите од 5,4 отсто.
Јавната поддршка за штрајкот е релативно ниска. Анкета на YouGov на 12-ти декември покажа дека 58 отсто од испитаниците се донекаде или силно против штрајкот.
Штрајкот би можел да значи помалку лекари на должност во Англија од вообичаеното, што значи дека спасувањето животи ќе мора да биде приоритет и некои прегледи ќе мора да се одложат.
Хоспитализациите поради грип во Англија скокнаа за повеќе од 50 отсто на почетокот на декември на просек од 2.660 пациенти дневно, највисоко досега за тој период од годината. Врвот сè уште не е на повидок, велат експертите.
Слични новости
Лукашенко повикува на брзо решение за Украина: Многу зависи од Трамп и САД
Белорускиот претседател Александр Лукашенко, во интервју објавено во вторникот, повика на брза акција за прекин на конфликтот во Украина, нагласувајќи дека САД мора да останат ангажирани во дипломатските напори
Фон дер Лајен: Европа не смее да зависи од туѓите ставови
Европа не смее да дозволи да биде одредена од туѓите погледи на светот, изјави во среда претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
ЕУ ја прекинува финансиската помош за Грузија
Европската унија не планира по 2025 да ја продолжи финансиската помош на Грузија, соопшти Европската комисија. Брисел изрази „сериозна загриженост“ во врска со скршнувањето од демократските принципи и кршењето на владеењето на правото во оваа кавкаска земја.


