Со цел да се поддржи процесот на имплементација на Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) за шестте земји од Западен Балкан и Молдавија и за да се обезбеди форум за размена и координација на активностите, Европската Комисија, односно Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување при ЕК, формираше Управувачки Комитет предводен од Герт Јан Копман, генерален директор на Директоратот.
Во работата на Комитетот учествуваат и Џон Бериган, генералниот директор на Директоратот за Финансиска стабилност, финансиски услуги и унија на капитални пазари, гувернерите на централните банки од регионот, претставници на релевантни институции од Европската Унија (ЕК, Европската централна банка, Европскиот совет за плаќања), како и Светската банка, кои имаат важна улога во процесот на интеграција и имплементација на СЕПА во регионот.
![Глобе Народна Банка](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2024/11/Глобе-Народна-Банка.webp)
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на состанокот на Комитетот истакна дека со оглед на направените регулаторни измени и високиот степен на усогласеност на нашата регулатива со европската во областа на банкарството, платежните услуги и спречувањето на перење на пари, очекува дека нашето барање за членство ќе биде наскоро одобрено од Европскиот совет за плаќања.
Притоа, истакна дека за да граѓаните ги почуствуваат придобивките од СЕПА, клучно ќе биде банките оперативно да се подготват и да се приклучат кон европскиот платежен систем, по одобрувањето на нашата апликација. Народната банка ќе обезбеди целосна регулаторна поддршка на банките во овој процес.
Членството во СЕПА е еден од приоритетите дефинирани во Планот за раст на земјите од Западен Балкан на ЕК бидејќи се очекува да овозможи пристап на банките од Западен Балкан до европските платежни системи, а со тоа и поефикасни, побрзи и поевтини прекугранични плаќања за граѓаните и компаниите.
Слични новости
Уставниот суд ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
Уставниот суд денеска треба да донесе конечна одлука за предметот во кој е оспорен Законот за данок за солидарност. Постапката за оценување на уставноста на оспорениот закон беше поведена на 20 ноември минатата година
Втор ден од посетата на Муртезани на Брисел, меѓу другите и средба со Кос
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ја продолжува дводневната работна посета на Брисел, во чии рамки ќе има средба со еврокомесарката за проширување Марта Кос
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
На форумот ќе се разговара за предизвиците и можностите во енергетскиот сектор, со акцент на регионалната соработка, енергетските интерконекции и транзицијата кон чиста енергија, соопштија организаторите на Самитот