Потезите на Израел „меѓу кои се убиства, нанесување сериозна штета врз физикото и менталното здравје, како и свесното нарушување на условите за живот на Палестинците во Газа се извршени за тие физички да се уништат“ вели Агнес Каламар, генералниот секретар на Амнести Интернешенал.

Амнести Интернешенал, организацијата за заштита на човековите права, го обвини Израел дека извршил геноцид врз Палестинците за време на војната во Газа. Заклучокот е донесен врз основа на „дехуманизирачките и геноцидни изјави“ на израелските официјални лица, дигиталните фотографии на злосторствата и сведочењата на очевитците, што би требало да биде „повик за будење“ на меѓународната заедница, велат од британската невладина организација.

Израел ги негираше обвинувањата. „Извештајот на Амнести Интернешенал на 296 страници е целосно неточен и втемелен на лаги“, соопшти израелското министерство за надворешни работи. Документот е „целосно неоснован и не ја покажува оперативната реалност“, со која израелските војници со сеоочуваат на теренот, велат од израелската армија.

Медицински официјални лица од Газа соопштија дека во средата најмалку 50 Палестинци загинаа само тој ден. Најголем број жртви настрадаа во бегалскиот камп ал-Маваси, а од израелската војска тврдат дека на тоа место биле оперативци на Хамас.

Амнести Интернешанал во својот извештај објави дека „повеќемесечното истражување пружило доволно основи за заклучок дека Израел извршил и сеуште врши геноцид врз Палестинците“.

Конвенцијата за геноцид на Обединетите Нации од 1948 која е усвоена по масовното страдање на Евреите во нацистичкиот холокауст го дефинира геноцидот како „дела сторени со намера да се уништи национална, етничка, расна или верска група, во целост или делумно“.

Потезите на Израел „меѓу кои се убиства, нанесување сериозна штета врз физиќкото и менталното здравје, како и свесното нарушување на условите за живот на Палестинците во Газа се извршени за тие физички да се уништат“ вели Агнес Каламар, генералниот секретар на Амнести Интернешенал.

„Од месец во месец Израел ги третираше Палестинците како група од понизок ред која не заслужува да има човекови права и достоинство, покажувајќи намера, физички да ги уништи“, додава таа.

Во одговорот на извештајот на Амнести, Орен Марморштајн, портпарол на израелското министерство за надворешни работи ја нарече Амнести интернешенал „бедна и фанатична организација“. Тој рече дека на 7 октомври терористичката организација Хамас спроведе масакр врз израелското население и дека Израел „дејствува во самоодбрана и целосно во согасност со меѓународното право“.

Од израелската војска целат дека „активно работат да ја уништат воената инфраструктура на Хамас“ во Газа и дека „ги преземаат сите достпани мерки за да ја намалат штетата врз цивилите за време на тие операции“.

Во нападот на Хамас на југот на Израел пред 15 месеци беа убиени околу 1.200 луѓе што ја почна војната во Газа. Оттогаш, најмалку 44,532 луѓе беа убиени во Газа, претежно цивили, а овие бројки ги признаваат и Обединетите Нации.

 

Слични новости

Зошто луѓе донираат за одбраната на убиецот на директорот на американското здравствено осигурување

Зошто луѓе донираат за одбраната на убиецот на директорот на американското здравствено осигурување

Многумина го осудија злосторството за кое е обвинет, но фотогеничното 26-годишно момче, образувано на универзитетот Ајви Лиџ, стана мешавина од народен херој, ѕвезда и интернет миленик во одредени кругови

Лекциите од Сирија

Лекциите од Сирија

Минатата недела падна режимот на Башар ал Асад и џихадистите го зазедоа Дамаск. И овој пат изразив олеснување дека падна режимна тиранијата. Но, предупредив сека Сиријците доволно страдаа и дека странските сили треба да се држат подалеку од таа земја и западните и незападните.

Зошто армијата на Асад се предаде без борба

Зошто армијата на Асад се предаде без борба

Упатените во внатрешните прилики во Сирија наведуваат дека кланот на Асад и неговото опкружување до таа мерка беа корумпирани што станаа омразени дури и кај Алавитите и христијаните, па за системот што тие го персонификуваа дури и овие групи немаа мотив да се борат.