Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.
Како што наведуваат медиумите во Приштина, не е јасно колку од тие пари се потрошени, а колку замрзнати.
Средствата за Косово доаѓаат главно преку Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, а сите донации се замрзнати по одлуката на Трамп да ја прекине странската помош на 90 дена, пишува весникот „Коха“. Во тек се проекти за поддршка на правосудниот систем на Косово, за транспарнетност, енергетика и други програми чија вредност е близу 100 милиони долари.
УСАИД соопшти дека освен хуманитарната помош која помага во спасување на животи, сите останати средства се замрзнати.
Медиумите потсетуваат дека УСАИД до сега на Косово има вложено околу една милијарда долари.
Слични новости
Италијанскиот суд повторно ја блокираше одлуката на Мелони за приведување мигранти во Албанија
Судот во Рим денеска повторно нареди групата мигранти која е притворена во камповите во Албанија да биде преместена во Италија, наведуваат судски извори, што е најнов удар врз планот на премиерката Џорџа Мелони за сузбивање на илегалната имиграција по морски пат.
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во Трстеник изјави дека нема да има преодна или привремена влада. Тој додаде дека може да има избори или референдум, но додека тој е жив нема да има сервилна влада предводена од белосветски крадци
Низа училишта во Грција добиле лажни заканувачки мејлови, испратени од Русија, за поставени бомби
Заканувачки мејлови за поставени експлозивни направа, кои се покажале како лажни, утрово биле испратени во низа грчки училишта, а истрагата покажала дека се испратени од седум ИП адреси од Русија, информираа од Министерството за образование, религија и спорт на Грција