Околу 130 милиони евра кои Америка ги дава како помош на Косово би можеле да бидат замрзнати, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ја суспендира странската помош на период од три месеци.
Како што наведуваат медиумите во Приштина, не е јасно колку од тие пари се потрошени, а колку замрзнати.
Средствата за Косово доаѓаат главно преку Агенцијата за меѓународен развој УСАИД, а сите донации се замрзнати по одлуката на Трамп да ја прекине странската помош на 90 дена, пишува весникот „Коха“. Во тек се проекти за поддршка на правосудниот систем на Косово, за транспарнетност, енергетика и други програми чија вредност е близу 100 милиони долари.
УСАИД соопшти дека освен хуманитарната помош која помага во спасување на животи, сите останати средства се замрзнати.
Медиумите потсетуваат дека УСАИД до сега на Косово има вложено околу една милијарда долари.
Слични новости
Турција е подготвена да прифати „некои“ Палестинци ослободени од Израел
Турција е подготвена да прифати „некои Палестинци“ ослободени од Израел според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, изјави во неделата во Доха турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан
Грција предупредува на зголемена сеизмичка активност на Санторини
Грчките власти ги советуваа жителите на егејскиот остров Санторини да ги затворат училиштата во понеделник, да избегнуваат две мали пристаништа и да се воздржат од собирање во затворени простории по зголемената сеизмичка активност во областа последните денови
Блокадата на мостот Слобода во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
Студенти на три новосадски факултети во блокада, со поддршка на своите колеги кои пеш пристигнаа од Белград, како и моторџии и граѓани, вчера ги блокираа сите три моста во Нови Сад, на денот кога поминаа три месеци од несреќата кај железничка станица во која загинаа 15 лица