Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале околу 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот.
Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, вкупните трошоци би можеле да достигнат меѓу 40 и 50 милијарди долари кога ќе се пресмета санацијата на инфраструктурата и замената на уништената опрема.
Во раните фази на конфликтот Иран изврши напади врз повеќе американски воени објекти на Блискиот Исток, меѓу кои бази во Бахреин, Кувајт, Ирак, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Функционерот на Пентагон, Џулс Херст, пред Конгресот изјавил дека поголемиот дел од 25 милијарди долари се потрошени за муниција, додека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не прецизирал дали во износот се вклучени трошоците за обнова на базите.
Слични новости
Автобус се преврте на патот кај Мало Трново во Бугарија, двајца загинати и 16 повредени
Две лица загинаа откако се прегазени од автобус со украинска регистрација во близина на Мало Трново, а 16 други се повредени, пренесуваат бугарските медиуми.
Шпанија, Словенија и Ирска бараат суспензија на спогодбата меѓу ЕУ и Израел
Шпанија, Словенија и Ирска побараа Европската унија да ја суспендира спогодбата со Израел за придружување, изјави шпанскиот министер за надворешни работи Хосе Мануел Албарес.
Иран не испрати преговарачи во Пакистан: „Не разговараме под закани“
Иранската државна телевизија објави дека делегацијата на Иран не отпатувала во Пакистан на мировни преговори со САД, негирајќи ги извештаите на меѓународните медиуми за заминувањето на иранските претставници во Исламабад и закажаните датуми на разговорите меѓу САД и Иран.


