Пентагон проценил дека досегашните трошоци од војната против Иран достигнале околу 25 милијарди долари, но во таа пресметка не е се вклучени евентуалните расходи за обнова на оштетените американски воени бази во регионот.
Како што пренесува „Си-Ен-Ен“, вкупните трошоци би можеле да достигнат меѓу 40 и 50 милијарди долари кога ќе се пресмета санацијата на инфраструктурата и замената на уништената опрема.
Во раните фази на конфликтот Иран изврши напади врз повеќе американски воени објекти на Блискиот Исток, меѓу кои бази во Бахреин, Кувајт, Ирак, Обединетите Арапски Емирати и Катар.
Функционерот на Пентагон, Џулс Херст, пред Конгресот изјавил дека поголемиот дел од 25 милијарди долари се потрошени за муниција, додека американскиот министер за одбрана Пит Хегсет не прецизирал дали во износот се вклучени трошоците за обнова на базите.
Слични новости
Стапија во сила новите мерки за руските дипломати во ЕУ
Денеска стапија во сила мерки кои ја ограничуваат слободата на движењето на руските дипломати во Европската унија за да спречат шпионажа и ширење на дезинформации, наведе ЕУ.
Сибиха: Путин цинично нареди масивен напад врз Украина за време на разговорите во Абу Даби
Официјален Киев предупреди дека руските ракети не го погодија само украинскиот народ, туку и преговарачката маса.
Во Абу Даби продолжен трилатералниот состанок за Украина
Во Абу Даби денеска продолжи трилатералната средба за постигнување мировно решение за Украина на која учествуваат украинска, руска и американска делегација, јави Ројтерс.


