Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека САД ќе покренат операција за безбедно извлекување на бродовите од Ормутскиот теснец. На својата мрежа „Трут соушал“ Трамп наведе дека станува збор за хуманитарна иницајатива за земјите кои не се вклучени во конфликтот на Блискиот исток.
Американскиот претседател наведе дека многубројни држави побарале помош од Америка за нивните бродови кои се блокирани во Ормутскиот теснец.
Државите кои немаат никаква врска со актуелниот конфликт побарале нивните бродови кои се блокирани во теснецот безбедно да бидат извлечени.
„Ги известивме државите дека нивните бродови безбедно ќе ги спроведеме низ ограничени води за да можат да продолжат со нивната работа“. Тој додаде дека наложил да се стори се што е можно за тие бродови и нивните посади безбедно да го напуштат теснецот и да продолжат со пловидба.
Слични новости
Се урна американски воен авион во Ирак
Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.
САД привремено дозволија да се купува руска нафта
Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.
Вашингтон употреби една од шесте најмоќни бомби за напад врз нуклеарен комплекс близу Техеран
Според проценките на експертите во нападот врз бункерите се користени бомбите ГБУ-57, кои се исклучително моќни бомби од конвенционалните муниции, а обично се носат на стратегиските бомбардери Б-2.


