Соединетите Американски Држави ги повлекоа своите системи за противвоздушна одбрана од Украина поради ситуацијата на Блискиот исток, наведуваат американски медиуми. „Овие системи се корисни и важни за Украина, но САД имаат поважни интереси во други делови на светот, а особено на Блискиот исток пишува „National Interest“.

Како што се наведува, зголеменото интересирање на САД за Блискиот исток е предизвикано не само од ескалацијата на судирот меѓу Израел и Иран, туку и поради присуството на контингенти на американска војска во овој регион, за кои Техеран се закани дека може да станат цел на напади.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп рече дека САД би можеле да се вмешаат во судирот меѓу Иран и Израел, и остро го предупреди Техеран да не врши напади врз американските војници.

Слични новости

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 убиени во Газа, повеќето близу центар за дистрибуција на храна

Најмалку 40 лица се убиени од израелски оган во понеделникот, а повеќето од нив во близина на центар за дистрибуција на помош на американската Хуманитарна фондација Газа (GHF), соопшти Министерството за здравство на крајбрежната палестинска енклава

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе платат цена за иранските напади врз Израел

Досега во Израел има неколку десетици мртви цивили, а на стотици се ранети како последица на ирнаските бомбардирања со ракети земја-земја и дронови, а синоќа најмалку осум лица загинаа, а 92 се ранети и хоспитализирани. Во Иран, досега од израелските напади загинаа 224 луѓе, а 90 насто од нив се цивили, ја пренесе гардијан изјавата на иранскиот министер за здравство.

Осум загинати и 92 ранети во најновиот бран напади на Иран врз Израел

Осум загинати и 92 ранети во најновиот бран напади на Иран врз Израел

Најмалку осум лица го загубија животот во најновиот бран напади на Иран врз Израел, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на извештаи на израелското воено радио. Иранските удари уследија во текот на ноќта, набргу откако Израел изведе напади врз Иран во кои е убиен шефот на разузнавачката служба на иранските воени сили.